Регион 02. ноември 2018. / 14:14

Во тешка сообраќајка повреден потпретседателот на Парламентот

Во тешка сообраќајка повреден потпретседателот на Парламентот

Потпретседателот на српскиот Парламент од редовите на Социјалистичката партија Ѓорѓе Милиќевиќ утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа, која се случила на патот Словац – Уб.

Од засега неутврдени причини, автомобилот со кој управувал возачот на Милиќевиќ излетал од патот и удрил во ограда. Во несреќата е тешко повреден и возачот.

Српските медиуми наведуваат дека Милиќевиќ бил итно опериран во родното Ваљево, а операцијата траела речиси пет часа поради сериозни повреди на внатрешните органи и обилно внатрешно крварење.