Регион 26. март 2020. / 09:54

Во текот на ноќта во Србија починаа уште две лица од коронавирус

Во текот на ноќта во Србија починаа уште две лица од коронавирус

Во текот на ноќта во Србија починаа уште две лица кај кои е потврден коронавирусот.

Станува збор за К.С. (80) кој бил хоспитализиран во Клиниката за инфективни и тропски болести во Клиничкиот центар и кој последните денови се ноаѓал на респиратор, а докторите вложиле максимум за време на неговото лечење.

Инаку боледувал од кардиомиопатија, имал хипертензија, хронична опструктивна болест на белите дробови и дијабетес.

Втората жртва е 62- годишната жена П.Б. која била хоспитализирана во Клиничкиот центар во Ниш и која се наоѓала на респиратор и за која лекарите направиле се да ја спасат. Сепак дошло до фатален исход, а починатата се лекувала од артериска хипертезнија и дијабтесе, како и ревтматиден артритис.