Регион 31. август 2018. / 09:47

Во Србија за една недела шест жртви на западно-нилска треска

Во Србија за една недела шест жртви на западно-нилска треска

Последнава недела во Србија починале уште шест лица од болеста западно-нилска треска.

Вкупниот биланс на починати од оваа болест , што се пренесува преку комарци е 21 од почетокот на годинава. Најголем број од заболените се на Инфективната клиника во Белград , каде во моментов се лекуваат околу 30 заболени.

,, Од новодојдените пациенти , некои се на апарати и се во животна опасност , а има и со полесни симптоми” , вели директорот на клиниката , Горан Стевановиќ. Како што вели , не постои специфичен лек за оваа болест , туку само лекување на симптомите .

Најдобар начин е заштита од комарци , преносители на болеста, вели директорот на Инфентивната клиника во Белград.