Регион 07. јули 2018. / 19:15

Во Србија воведена вонредна состојба

Во Србија воведена вонредна состојба

Поројниот дожд во Младеновац, Љиг и Аранџеловац ги поплави улиците и неколку објекти. РТС јави дека во Љиг и Аранџеловац е прогласена вонредна состојба.

Во невремето најмногу е погоден центарот на Аранџеловац каде што се излеала реката Кубршница од што се поплавиле станбени и деловни објекти.

И во Чачак се поплавени десетина куќи во четири населби. Во населбата Лозница се излеала Лозничка река и го поплавила локалниот пат.