Регион 02. јули 2018. / 16:01

Во Србија ,,тревога” – доаѓа голема бура

Во Србија ,,тревога” – доаѓа голема бура

Продолжува серијата летни бури што го зафатија Балканот – српскиот Хидрометеролошки завод за денеска прогласи тревога во најголемиот дел од земјата, освен во Војводина.

Под портокалова трегова се регионот на главниот град Белград, потоа Срем, Шумадија и долината на реката Морава, додека југот на Србија е под жолта тревога.

Метеролозите предупредуваат на опасност од интензивни дождови и грмотевици во текот на вечерта и ноќта.