Регион 10. март 2021. / 14:34

Во Србија се појавија нови групи со експлицитни снимки – ги споделуваат 12 и 13 годишни деца

Во Србија се појавија нови групи со експлицитни снимки – ги споделуваат 12 и 13 годишни деца

По вестите за „Телеграм“ групата со повеќе од 36.000 членови кои споделуваат експлицитни фотографии и видеа од жени без нивна согласност, се појавија нови информации за слични групи на Интернет.

Да потсетиме, групата „Телеграм“ наречена „Нишлијки“ беше откриена од Сташа Ивковиќ од Вршац, која дознала за чат-просторијата кога се споменало нејзиното име во неа.

Целата српска јавност е на нозе заради ова откритие, а на Управата за криминалистичка полиција е дадена наредба да го испита целиот случај.

Во друг пример, на Твитер се појавија „скриншоти“ од преписка, во кои, наводно, малолетник кој исто така има таква група на „Телеграм“ и наплаќа за влез во неа, а алтернативно нуди и 4000 експлицитни фотографии и видеа на продажба.

Во коментарите главно се дискутира дали треба да се открие идентитетот на луѓето што продаваат вакви снимки и фотографии, па затоа мислењата се поделени – додека некои сметаат дека на полицијата треба да и се дозволи да си ја работи својата работа, други сметаат дека самите граѓани треба да направат се што е во нивна моќ.

Вчера на медиумите им се обрати и извесен Немања Стојиљковиќ, кој призна дека ја создал групата „Нишлијке“.

-Јас само ја создадов групата „Нишлијки“, како администратор не поставив ништо. Не знам зошто сега ме сметаат за манијак, изјави извесен Немања Стојиљковиќ, кој е основач на групата, која брои околу 24 илјади членови и постои околу два месеци.

Сепак, тој додаде дека не се чувствува виновен, и покрај големата штета нанесена на бројни жртви чии фотографии, адреси и телефонски броеви беа постојано објавувани, и на прашањето дали е вистина дека експлицитни фотографии на девојчиња се разменуваат без нивна дозвола, одговорил следново: „Да, така е … Сепак, имаше одредени правила. Фактот дека е напишано дека сме отстраниле содржина со малолетни лица и детска порнографија, апсолутно не е точно. Тоа беше строго забрането, како и некакво осакатување на луѓе и навреди. .. За тоа имаше задолжителна забрана“.

Стојиљковиќ додаде дека не бил засегнат од фактот што биле објавени експлицитни фотографии без негово знаење.