Регион 28. ноември 2020. / 17:28

Во Србија рекорден број починати од почетокот на пандемијата

Во Србија рекорден број починати од почетокот на пандемијата

Во изминатите 24 часа во Србија тестирани се 18.592 лица, од кои 7.041 се позитивни на Ковид-19, а починале 61 пациент, што е највисока бројка во еден ден од почетокот на пандемијата.

Според податоци на српското Министерство за здравство о Институтот Батут, хоспитализирани се 7.011, а на респиратор се 254 пациенти.

Во Србија од почетокот на пандемијата починаа 1.484 луѓе,процентот на смртност од новиот коронавирус изнесува 0,91 отсто.