Регион

Во Србија приведени 220 лица за оштетување на буџетот

Во Србија приведени 220 лица за оштетување на буџетот

Министерството за внатрешни работи на Србија задржа 220 лица во текот на последните неколку денови, осомничени за економски и криминални дела, наведе денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

– Задржаните се осомничени за нанесување на штета на буџетот на Србија за неколку милиони евра, истакна Стефановиќ.

Тој информираше дека при неколку операции се запленети 36 парчиња огнено оружје, вкучително и пет автомати и голем број куршуми.