Регион 12. февруари 2021. / 10:51

Во Србија пристигнува и четврта вакцина

Во Србија пристигнува и четврта вакцина

Србија до крајот на февруари ќе добие вакцини и од четврт производител. Како што рече српската премиерка Ана Брнабиќ, пристига пратка од „Астра зенека“ со 120 до 150 илјади дози вакцини.

Ја чекаме уште официјалната потврда од „Астра зенека“, соопшти таа.

Наведе и дека за вакцините од овој прозиведувач ревакцинацијата се прави по 12 недели.

Српските граѓани при пријавувањето за вакцинирање може да изберат со која вакцина од кој производител сакаат да бидат вакцинирани.