Нов контингент од 58,500 дози вакцини на „Фајзер-Бионтек“ пристигна во Србија, што преставува досега најголемата единечна испорака на вакцините на оваа компанија.
Вакцините се доставени до Институтот Торлак, од каде ќе бидат дистрибуирани до пунктовите за вакцинација.
Синоќа во Србија пристигнаа и 100.000 втори дози на руската вакцина „Спутник V“, а на 5 март треба да пристигнат уште половина милион кинески вакцини „Синофарм“.