Регион 27. октомври 2020. / 18:18

Во Србија повеќе од 1000 позитивни на Ковид 19 во последните 24 часа

Во Србија повеќе од 1000 позитивни на Ковид 19 во последните 24 часа

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.053 нови позитивни на Ковид-19, а пет пациенти починале како последица на болеста.

Тестирани биле 9.430 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, во болниците низ Србија има 38 пациенти коишто се ставени на респиратори

Тоа е зголемување од 50%, со оглед на тоа што во претходната дневна статистика беа објавени 26 лица приклучени на апарати за дишење.

Поради таквиот раст на епидемијата, пристигнуваат драматични предупредувања од експертите и сè повеќе најави за нови рестриктивни мерки, како што се скратување на работата на угостителските објекти и задолжителен тест за ПЦР за влез во Србија.

Во меѓувреме српските медиуми извастуваат за нелегални корона забави со масовно присуство во кафулињата и ноќните клубови.