Регион 13. март 2020. / 10:32

Во Србија потврдени нови 7 случаи на коронавирус

Во Србија потврдени нови 7 случаи на коронавирус

Седум нови случаи на заразени со коронавирус се потврдени во Србија, со што вкупната бројка на заболени порасна на 31 лице.

Од последниот извештај на 12 март во 18 часот до денеска во 8 часот тестирани се 29 лица од кои 7 позитивни на коронавирус, се наведува во српското Министерство за здравство.

Од новопотврдените случаи, четири се во домашна изолација поради полесна клиничка слика, а тројца задржани на болничко лекување. Во Србија досега тестирани се вкупно 214 лица.