Милорад П. имал намера да ја убие својата ќерка, нејзиното момче, но и сопственикот на пекара каде неговата ќерка е вработена.
Милорад П. и неговата ќерка долго време не биле во добри односи. Кавгата меѓу нив избила бидејќи уапсениот бил незадоволен со својот зет. Имено, момчето на ќерката на Милорад од Србија е друга нациопналност, што на нејзиниот татко не му се допаднало. Поради тоа постојано се расправале, а пред некое време ја избркал и черка си од дома. После тоа ѝ се заканувал со смрт, тврдејќи дека не може да го поднесе зетот, пишува Курир.рс
Во неделата вечерта Милорад кој бил под дејство на алкохол, земал оружје, седнал во својата „лада“ и тргнал кон Медвеџе со цел да ги ликвидира ќерката, зетот и нејзиниот газда.
Понел пушка со повеќе муниција, но и пиштол со седум куршуми. Крвавата пресметка ја спречила полицијата. Имено, инсепкторите добиле дојава дека Милорад планира да изврши масакр. Му направиле заседа, го пресретнале неговиот автомобил и го уапсиле. Да не реагирале така брзо, сигурно би имало мртви, бидејќи осомничениот не се шегувал. Милорад се сомничи за илегално поседување на оружје, семејно насилство и загрозување на безбедност. Нему после заседата му бил одреден притвор до 30 дена.