Во Србија се регистрирани 70 заболени од треската Западен Нил, вклучително и пет смртни случаи.Ова беше објавено на страницата на српскиот Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут”.
Според податоците на Институтот, потврдени случаи на ова заболување се регистрирани во Белград (30) и во Јужнобанатскиот (15), Јужнобачкиот (12), Западнобачкиот (6), Подунавскиот (2), Севернобанатскиот (1), Среднобанатскиот (2) и Сремскиот (2) округ, а заболените се на возраст меѓу 22 и 84 години.
Треската Западен Нил е вирусна болест која се пренесува преку убод од комарец.