Од епидемијата на новиот коронавирус во Србија досега се починати 13 лекари, изјави за порталот Нова.рс, претседателот на Синдикатот на лекари и фармацевти, Раде Паниќ. Што се однесува до заболените здравствени работници, последното што го слушнал, вели тој, била бројката од околу 650.
-Немаме никаква можност да водиме евиденција, изјави Паниќ дообјаснувајќи дека нема информации за починати медицински сестри, додека заразени здравствени работници има „многу повеќе отколку што ни кажуваат бројките“.
Претседателот на Синдикатот на лекари и фармацевти оцени дека сега во Србија има повеќе заштитна опрема за здравствените работници од претходно, но дека на повеќето контролни пунктови каде заштитната опрема е потребна, ја нема доволно.
– Информациите што ги имаме е дека ковид единици и ковид болниците ја добиваат опремата и ја има доволно. На сите други места е многу дискутабилно дали ја има и дали е поделена…Она што е дефинитивно е информацијата дека на повеќето пунктови недостасува заштитна опрема или ја нема доволно, ако се случи појава на ново жариште и повеќе заболени пациенти, изјави претседателот на српскиот синдикат на здравствени работници и фармацевти.