Регион 03. декември 2019. / 11:55

Во Србија недостасуваат 20 000 ИТ инженери

Во Србија недостасуваат 20 000 ИТ инженери

ИТ пазарот во Србија  годинава ќе достигне рекордни 580 милиони евра, а извозот на софтвер може да достигне 1,4 милијарди евра, проценува Здружението за информатика на Србија.

Од таму бараат  да се удвојат квотите за образование, бидејќи ќе бидат потребни уште 20.000 инженери за реализација на извоз од две милијарди евра.

Во Србија 80 проценти од домаќинствата имаат интернет, додека 73 проценти имаат компјутер, затоа ние сме  средно развиена  ИТ,  земја, рече претседателот на ДИС Марковиќ, додавајќи дека во последните 3-4 години воведувањето часови по информатика во основните училишта и зголемување на запишувањето во ИТ студии е значаен резултат.

„Имаме пораст на извозот на софтверски услуги, кој ќе достигне 1,3 до 1,4 милијарди евра оваа година, со цел да се продолжи со експлозивниот развој и да се постигне извоз на две милијарди евра – на Србија и се потребни уште 20 000 инженери, а тоа го немаме“, вели тој  и додава дека ДИС затоа е посветена да и обезбеди на ИТ-професијата 100-процентно зголемување на квотите за запишување.

Српската ИТ-индустрија е на деветтото место од 14-те полиња во индустријата, набудувани во Србија – во однос на капацитетот, бројот на вработените, приходот и достапниот капитал.