И низ целата Србија, како и кај нас, денеска голем број на верници се фрлаа по светиот крст. Како што пренесуваат српските медиуми, манифестациите поминале без инциденти, а во чест на празникот пливале од најмладо до најстаро.
Во Трстеник, заедно со нивниот татко, пливале тригодишниот Филип и неговата сестра Дуња (7). До крстот во Ужице прва испливала Марина Лазиќ, која денеска го прославила својот 35 роденден.
Во Крагујевац, пак, крстот го фати петнаесетгодишната пливачка Марта Дуњиќ, која била најмлада учесничка.