Регион 22. мај 2020. / 11:32

Во Србија денес почнува тестирање за Ковид-19 на лично барање на граѓаните

Во Србија денес почнува тестирање за Ковид-19 на лично барање на граѓаните

Во Србија денес почнува тестирањето на лично барање на граѓаните, а брисевите се земаат во институтите и заводите за јавно здравје, но и здравствените домови.

Како што пишува Танјуг, тестирањето на лично барање чини шест илјади динари (околу три илјади денари), се уплаќа на единствена жиро-сметка на министерствот за здравје на Србија.

Процедурата е таква што граѓаните прво ги уплаќаат парите, па потоа следува тестирањето, односно земање брис од грло и нос што можат да го направат во најблискиот институт, завод или здравствен дом.

Се наведува дека правото на бесплатно тестирање, на трошок на државата, имаат сите граѓани со симптоми на ковид-19, кои биле во близок контакт со заразено лице, но и за пациентите кои заминуваат на операции или одредени интервенции како бронхоскопија.

Бесплатното тестирање им е овозможено на сите студенти или малолетници кои патуваат во држави кои не дозволуваат влез без претходно направен тест.