Регион 06. декември 2020. / 16:50

Во Србија 5.809 нови случаи на коронавирус, починаа 58 лица

Во Србија 5.809 нови случаи на коронавирус, починаа 58 лица

Според последните податоци, во Србија се потврдени 5.809 позитивни случаи на коронавирус, од 14.486 тестирани, а починале 58 лица.

Српските медиуми јавуваат дека 278 пациенти се на респиратор.

Поради лошата епидемиолошка состојба во Србија, трговските центри, продавниците за облека, oбложувалниците, игротеките, фризерските салони и салоните за убавина се затворени цел викенд.