Регион 12. декември 2020. / 16:46

Во Србија 5.679 новозаразени со Ковид 19, починаа 48 лица

Во Србија 5.679 новозаразени со Ковид 19, починаа 48 лица

Според последните информации, во Србија се регистрирани 5.679 нови случаи на коронавирус, а 48 лица починале. Вкупно 318 пациенти се на респиратори. Во последните 24 часа биле тестирани 16.886 лица.

Овој викенд, како и претходниот, во Србија се на сила рестриктивни мерки, односно сите објекти освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи се затворени до понеделник во 5 часот наутро.