На територијата на Србија досега починаа 36 лица како последица на западонилска треска, а регистрирани се 410 случаи на зараза од овој вирус, објави во вторникот Државниот завод за јавно здравство на Србија „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“.
Западнонилската треска се пренесува со убод на заразени комарци, а во Србија првпат е забележана во 2012 година.
Од првото појавување на болеста до минатата година регистрирани се 574 заболени и официјално потврдени најмалку 61 жртва.
Болеста е од сезонска природа, се јавува во текот на летото, првите заболени се главно регистрирани во втората половина на јули, а најмногу заболени обично има во август.
Во земјите на ЕУ западнонилската треска оваа година е регистрирана во Грција, Италија, Унгарија, Романија и во Хрватска.