Регион 13. ноември 2020. / 16:20

Во Србија 3.499 новозаразени со Ковид 19, починале 17 пациенти

Во Србија 3.499 новозаразени со Ковид 19, починале 17 пациенти

Во последните 24 часа во Србија починале 17 пациенти, a од 14.116 граѓани тестирани на коронавирус, позитивни биле 3.499.

Во моментов 158 пациенти се приклучени на апарати за дишење во болниците низ Србија.

Министерот за здравство Златибор Лончар по состанокот со директорите на ковид-болниците во Србија изјави дека здравствениот систем е пребукиран. Лончар потврди дека Владата на Србија разгледува нови мерки на предлог на Кризниот штаб.