Регион 01. август 2018. / 11:08

Во Србија 15 повредени во судар на патнички воз со локомотива

Во Србија 15 повредени во судар на патнички воз со локомотива

Најмалку 15 луѓе се повредени рано утрово, кога на пругата во белградската населба Рипањ се судриле патнички воз и товарна локомотива, пренесуваат српските медиуми.

Како што изјавил портпаролот на брзата помош, Мирко Лутовац, можно е да има и лица со тешки повреди.

На терен се две лекарски и една транспортна екипа. железничкиот сообраќај е во прекин.

Според информациите, несреќата се случила во близина на тунел на пругата.