Регион 20. март 2020. / 10:01

Во Србија 118 заразени: Денеска се затвoраат границите и се укинува јавниот сообраќај

Во Србија 118 заразени: Денеска се затвoраат границите и се укинува јавниот сообраќај

Во Србија до 8 часот утринава регистрирани се 118 потврдени случаи на корона вирус во земјата. Од последниот извештај до 8 часот денеска тестирани се примероци на 39 лица од кои 15 се позитивни и 24 негативни на новиот вирус.

Од 15-те потврдени случаи од последниот извештај, петмина се хоспитализирани, но без компликации, со добра општа состојба, додека останатите десетмина имаат лесна клиничка слика и се наоѓаат во домашна изолација.

Србија од денеска ги затвора сите гранични премини на патничкиот, железнички и речен сообраќај. Од пладне се укинува и меѓуградскиот сообраќај, а мерката за забрането движење од 20 до 5 часот стапи на сила и во наредните денови ќе биде продолжена.