Регион 20. мај 2020. / 20:33

Во Србија 100 новозаразени со Ковид-19, од кои 34 се во Врање

Во Србија 100 новозаразени со Ковид-19, од кои 34 се во Врање

Во последните 24 часа во Србија од корона вирус починало уште едно лице, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 235.

Од последната состојба во Србија, 6.198 лица се тестирани за корона вирус, а кај 100 граѓани е потврден корона вирус, според веб-страницата на Министерството за здравство ковид19.рс. Најголемиот број од новозаразените се од Врање каде за четери дена се откриени 117 заразени.

Од почетокот на епидемијата во Србија, заразени се вкупно 10.833 лица. Стапката на смртност е 2,17 проценти. Хоспитализирани се 766 пациенти, а вкупниот број на излечи граѓани е 5.067.На респиратори има 13 пациенти. Досега вкупно се тестирани 196.881 граѓани.