Регион 12. февруари 2020. / 17:50

Во Софија ќе има казни за возачите на автомобилите што го загадуваат воздухот

Во Софија ќе има казни за возачите на автомобилите што го загадуваат воздухот

Сообраќајната полиција во Софија почна со проверки на автомобилите и камионите што го загадуваат воздухот во Софија.

Според експертите, 60 отсто од загадувањето на воздухот во градот е поради старите автомобили.

Затоа градските власти се одлучијаб да бидат казнувани возачите кои управуваат со неисправни автомобили, што испуштаат штетни гасови над дозволеното.

На сообраќајната полиција и беа доделени пет уреди од Градската општина од кои три ќе се користат за сообраќајните канали, а два ќе се користат за патишта.