Деветмина Словенци поврзани со меѓународна трговија со дрога синоќа се уапсени во голема полициска акција во Љубљана. Запленети се 230 килограми кокаин, два килограми хероин, 43 килограми смола од канабис, четири приватни возила со посебно прилагоден простор за криумчарење дрога и голема количина пари.
Како што наведуваат локалните медиуми, дрогата била наменета за меѓународниот пазар, а криминалната група дејствувала на просторите на Балканот и дел од земјите на ЕУ.
Сите приведени се државјани на Словенија, освен еден од нив кој имал двојно државјанство.