Регион 03. март 2020. / 13:18

Во Словенија веќе во септември ќе се врати служењето на воен рок?

Во Словенија веќе во септември ќе се врати служењето на воен рок?

Служењето воен рок во Словенија може веќе во септември да стане реалност, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Словенечкото Собрание утре ќе расправа за повторното воведување на воениот рок, што во ново законско решение веќе го преточи СДС (Словенечка демократска партија).

Словенечките медиуми коментираат дека тоа што пред само неколку месеци изгледаше како научна фантастика, сега може да стане реалност уште во септември, а причината е формирањето на нова Влада на чие чело ќе биде Јанез Јанша кој е силен поддржувач на оваа идеа.

Инаку, новите коалициски партнери на СДС, Партија на модерниот центар и Партијата на пензионерите ДеСус, се изјаснија дека сега не се подготвени да го поддржат овој закон.