Словенечката полиција на подрачјето на Рибница уапсила српски државјанин кој криумчарел 33 мигранти од Пакистан во комбе со словенечки регистерски таблички.
Постапката против мигрантите, кои илегално ја преминале словенечката граница е во тек, додека на српскиот возач му е одреден притвор, соопштија од полицикста управа на Љубљана.
Во спетември, словенечката полиција забележала пад на илегалната миграција, но сепак, бројот на илегални преминувања на границата во првите девет месеци од годинава и натаму е за 70 отсто поголем од минатогодишниот, пренесува агенцијата СТА.
Според податоци на полицијата, најголем број мигранти доаѓаат од Пакистан, Алжир и Авганистан.