Регион 28. април 2020. / 13:00

Во Словенија регистрирани само шест новозаразени за 24 часа

Во Словенија регистрирани само шест новозаразени за 24 часа

Во медицинските центри во Словенија во текот на изминатите 24 часа се направени вкупно 683 тестови за корона вирус од кои позитивни биле само шест.

Бројот новозаразени е идентичен како ден претходно, а тоа за лекарите е уште една потврда дека ширењето на вирусот во земјата дефинитивно е ставено под контрола и е значително намалено.

Од  Ковид-19 болнички се лекуваат вкупно 78 пациенти, а поради потешка форма на болеста на одделенијата за интензивна нега се третираат 24 пациенти.

Изминатите 24 часа како последица од инфекцијата починале уште три лица, а двајца оздравеле.