Регион 30. октомври 2020. / 20:30

Во Словенија повеќето ограничувања продолжени за уште една недела

Во Словенија повеќето ограничувања продолжени за уште една недела

Словенечката Влада ги прошири клучните мерки осмислени да го запрат ширењето на епидемијата на коронавирусот, во согласност со нејзината политика за периодично проверување на ефикасноста на мерките заснована врз проценка на стручна работна група за коронавирус.

Словенечката агенција СТА јави дека мерките за затворање на продавниците и ограничувањата за собирање на најмногу шест лица се продолжени за една недела.

Задолжителното носење маски на затворени и отворени јавни простории и задолжителната употреба на средства за дезинфекција на рацете се продолжени за две недели.

Одлуката ја донесе Владата на денешната седница.