Во Словенија се регистрирани десет нови случати на лица заразени со корона вирусот. Тројца пациенти починале како последица на инфекцијата.
Направени се 1.317 тестирања, со што вкупниот број на проверени лица изнесува речиси 52.000.
Во болниците се лекуваат 73 пациенти што е намалување во споредба од минатите денови. Поради потешка форма на болеста на одделенијата за интензивна нега се третираат 25 лица.
Изминатите 24 часа, од болница се отпуштени седум пациенти.