Регион 09. април 2020. / 12:44

Во Словенија потврдени 33 новозаразени и тројца починати од корона вирусот

Во Словенија потврдени 33 новозаразени и тројца починати од корона вирусот

Во Словенија се потврдени 33 нови случаи на лица заразени со корона вирусот, што претставува намалување во однос на вчерашниот ден.

Вкупниот број инфицирани лица во земјата сега изнесува 1.124.

На болничко лекување поради Ковид-19 се наоѓаат 108 пациенти, а од нив 34 се на одделите за интензивна нега.

Во изминатите 24 часа оздравени и отпуштени од болница се осум лица.

Бројот на починати поради корона вирусот во земјата се зголеми за три. Досега во Словенија се регистрирани вкупно 43 смртни случаи како последица од вирусот. Најголем дел од починатите се лица постари од 65 години кои имале дополнителни болести.