Регион 16. април 2020. / 21:45

Во Словенија дозволено возење велосипед, трчање, јога, тенис и куглање

Во Словенија дозволено возење велосипед, трчање, јога, тенис и куглање

Словенија донесе одлука на граѓаните повторно да им дозволи некои спортски активности кои беа забранети со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според одлуката од 18 април, граѓаните ќе можат повторно да возат велосипед, да трчаат, а ќе бидат дозволени и јогата, тенисот и куглањето.

Сепак од Владата препорачуваат кога ќе се практикуваат овие спортски активности да се почитуваат меките за претпазливост.

Дополнително е дозволено и граѓаните кои имаат ниви или бавчи надвор од своите општини да можат повторно да ги обработуваат. За да стигнат до своето земјиште, граѓаните ќе мораат да ги користат само регуларните и означени патишта.