Македонија бележе најголем пораст како дестинација за патување на бугарските државјани во однос на лани. Така, овој септември во однос на ланскиот бројот на патувања на Бугари во Македонија пораснал за 16,2 отсто, што е повеќе од двојно во однос на Романија, која бележеи пораст од 7,2 отсто.
Зголемување на бројот на патувања во однос на септември лани се евидентирани кон Македонија – 16,2 отсто, Романија – 7,2 отсто, Србија – 3,7 отсто, Австрија – 2 отсто, Турција – 1,9 отсто, Грција – 1,4 отсто, Германија – 1,3 отсто и други.
Патувањата на бугарски државјани во септември 2019 година изјнесувале над 653 илјади, или за 3,2 отсто повеќе од истиот период минатата година. Најголем број патувања на бугарски државјани овој месец се реализирани кон Грција – 158.300, Турција – 155.600, Србија -49.100, Романија – 48.800, Германија – 42.000, Македонија – 38.800, Австрија – 20.300.
Истовремено се намалуваат патувањата на Бугарите во Русија – за 19,5 отсто, Чешка – 10,9 отсто, Унгарија -7,5 отсто, Португалија – 4 отсто…