Од последици на сезонски грип во Република Српска починале уште четири лица , така што на територијата на БиХ вкупниот број на починати достигна до 22 лица.
-Станува збор за лица на постара возраст со бројни дополнителни заболувања , а биле позитивни на вирус на инфлуенца.- се наведува во соопштението на Институтот за јавно здравје.
Се наведува дека четирите лица биле на лекување во болницата во Бања Лука. Од вкупниот број починати од грип , 20 случаи се во Република Српска , а другите двајца на теротиријата на останатиот дел од БиХ.
Поради превентивни мерки , во болниците е забранета посета на пациенти.