Регион 15. јуни 2018. / 11:03

Во регионот уште една жртва од невремето – Гром го погоди Синиша во срце

Во регионот уште една жртва од невремето – Гром го погоди Синиша во срце

Шеесетгодишниот Синиша Ковачевиќ од селото Подгорац, Србија загинал кога во текот на силното невреме пред два дена го удрило гром, како што велат мештаните директно во срце.

Несреќниот човек во моментот на ударот бил на кровот од гаражата на соседот, кој го прекривал со лим.

-Роднината го повика да го поправи кровот, а потоа започна силен дожд и почна да дува ветер. Почна и да грми и не знам зошто не се симнале од кровот кога го виделе тоа. По селото се зборува дека гром го погодило директно во срце – вели соседот на починатиот Ковачевиќ.

Синишта имал две возрасни ќерки и живеел со сопругата. Работел со градежништво, возел трактор и на лозје. Лекарите веднаш по несреќата пристигнале на лице место, но можеле да констатираат само смрт.