Регион 15. јули 2019. / 22:29

Во полициска акција откриена лабораторија со еден тон дрога

Во полициска акција откриена лабораторија со еден тон дрога

Во полициската акција „Уникат“ на подрачјето на Бања Лука, полицијата на Република Српска пронајде голема лабораторија за производство на марихуана и уапси четири лица.

Станува збор за вештачка лабораторија за производство на сканк, во која, според проценките, е пројаден еден тон дрога.

Акцијата е спроведена од полициски службеници при Управата за организиран криминал во Министерството за внатрешни работи на Република Српска, под надзор на Окружното јавно обвинителство на Бања Лука.