Невремето „Гирионис“, што од неделата вечерта ја зафати Грција одзеде четири животи, а предизвика и значителна материјална штета. Поради невремето во неколку делови од земјата е прогласена и вонредна состојба.
На грчкиот остров Родос, 75 годишна жена беше пронајдена мртва во нејзиниот дом, што поради силниот и обилен дожд се поплавил, а таа била неподвижна и не можела да се спаси.
На островот Кос, 76годшна жена- зимски пливач била пронајдена мртва на плажата на која што секое утро одела да плива.
Поради невремето во превртен чамец на пристаништето на градот Антирио, животот го загубија две лица.
Сериозна материјална штета од поплавите претрпеа патните мрежи на островите Родос, Лимнос и Тасос, како и Халкидики, Кавала и областа Кинета во западниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина.
Генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас прогласи вонредна состојба во неколку општини на Тасос и Родос и во Кавала.