Регион 15. ноември 2018. / 19:41

Во Грција во моментов 74.000 лица бараат азил

Во Грција во моментов 74.000 лица бараат азил

Грчките власти соопштија дека во земјата во моментов живеат околу 74.000 баратели на азил и дека се во тек активностите за проширување на сместувачките капацитети и подобрување на условите на островите во камповите за бегалци и економски мигранти, кои во Грција доаѓаат по воден пат.

Грчкиот министер за миграција, Димитрис Вицас, рече дела во следните месеци околу 6 000 лица од островите ќе бидат префрлени на грчкото копно.

Условите во тие кампови континуирано се критикувани од страна на активистите за човекови права. Вицас рече дека ситуацијата е тешка и образложи дека 20.000 лица живеат во објекти превидени за помалку од 10 000 луѓе.

Годинава во Грција влегоа 42.000 бегалци и мигранти, од кои 14.000 пристигнаа преку копно, главно од Турција.

Вицас не очекува зголемување на бегалскиот бран следната година. Додаде дека е минимален бројот на лица кои од Грција илегално заминуваат во други островски земји.