Регион 03. август 2018. / 13:07

Во Грција уапсени осум лица поради убиство на мигрант од Пакистан

Во Грција уапсени осум лица поради убиство на мигрант од Пакистан

Поради сомнеж за сторено убиство, утринава во Грција се уапсени осум лица.

Тие се осомничени за убиство на еден Пакистанец кој нелегално се обидел да ја напушти земјата, соопшти полицијата.

Дваесет и деве годишниот мигрантот од Пакистан бил избоден до смрт на 23 јули, додека се обидувал да ја премине границата со Македонија преку северна Грција, објави „АП“.