Девет мали острови во Егејското Море се огласени за продажба преку грчките страници за недвижнини.
Овие острови припаѓаат на групата острови на Киклади и се близу до познатите острови Фолегандрос, Сикинос, Аморгос, Куфонизи и Сирос,.
Најевтиниот може да се купи за 4,9 милиони евра, додека најскапиот, со површина од 1,1 милиони квадратни метри, се нуди за 12 милиони евра. На друг остров има намалена цена од седум на 4,9 милиони евра.
Некои немаат плажи, но новиот сопственик ќе има можност да си направи во одредени делови на островот, се вели во еден од огласите. Во еден од нив има дури и пештера со „прекрасни сталактити“.
Некои од огласите за деветте острови понудени на продажба се појавија во мај и јуни годинава, а други се постари. Меѓу нив е група од три острови по цена од шест милиони евра.
Локалниот сајт за информации „Cyclades24“ забележува дека „она што импресионира е дека рекламите биле објавени на веб-страница со добра репутација и биле рекламирани од добро познати агенции за недвижнини“.