Регион 20. јуни 2020. / 21:07

Вo Грција само 19 нови, а во Македонија 185 нови случаи на коронавирус

Вo Грција само 19 нови, а во Македонија 185 нови случаи на коронавирус

На Кипар, веќе петти ден по ред не е регистриран ниту еден нов случај на Ковид-19, додека пак во Грција има 19 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатите 24 часа,во Грција почина уште едно лице, вкупно 190 од почетокот на епидемијата, а на интензивна нега, приклучени на апарати, хоспитализирани се девет лица.

Во Грција, заразени од новиот коронавирус се 3.256 лица. Според податоците од Министерството за здравство на Кипар, бројот на позитивни на Ковид-19 остана непроменет на 985 лица. Во Македонија 11 лица починаа од коронавирус а 185 се заразени во последните 24 часа.