Регион 05. март 2020. / 18:28

Во Грција нема да се пали олимпискиот оган поради корона вирусот

Во Грција нема да се пали олимпискиот оган поради корона вирусот

Церемонијата за палење на олимпискиот оган на 12 март 2020 во античка Олимпија, штафетното предавање низ 31 грчки град и церемонијата во Атина за предавање на организаторите на летните Олимписки игри во Токио, нема да се одложат поради корона вирусот, соопштија од грчкиот Олимписки комитет.

На претходниот состанок одржан во вторникот, беше одлучено да се откажат предвидените ручеци и приеми во античка Олимпија, значително да се намали бројот на акредитации, генералната проба за палење на огнот да биде без публика, како и секои два дена да се прави анализа на ситуацијата и обработка на податоците, доколку бидат потребни дополнителни мерки за церемониите.