Регион 21. декември 2020. / 12:05

Во Грција најверојатно ќе може да се патува за Велигден – се зависи од ефикасноста на вакцинацијата

Во Грција најверојатно ќе може да се патува за Велигден – се зависи од ефикасноста на вакцинацијата

Во оваа фаза во која се наоѓаме во пандемијата, не може да се предвиди кога Грција би ги отворила границите, вели Григорис Тасиос од Здружението на хотелиери на Халкидики и Панхеленската хотелска федерација за срспките медиуми.

-Сè зависи од текот и ефикасноста на вакцинацијата во земјите. Не е едноставно ни лесно, сигурно ќе биде потребно доста време. Во туристичка смисла, првите четири месеци од 2021 година веќе ги сметаме за изгубени, а најдоброто сценарио, на кое се надеваме, е дека ќе успееме да отвориме барем за прославата на Велигден. Од наша страна, хотелиерите за тој период ќе направат сè што е во нивна моќ, ќе превземеме иницијативи за надоградување на услугите на компнените граници и сакам да верувам дека ќе се помине во ред и дека Велигден ќе го славиме со нашите пријатели од Србија, вели Тасиос.