Регион 25. ноември 2018. / 22:31

Во Грција на дел од границата со Македонија поставени 105 бетонски маркери

Во Грција на дел од границата со Македонија поставени 105 бетонски маркери

Полицијата во северозападна Грција соопшти дека непознати лица поставиле повеќе од 105 гранични маркери на дел од границата со Македонија.

Полицијата во градот Лерин соопшти дека некој на своја рака поставил 105 бетонски маркери, некои од нив во форма на пирамиди од околу еден метар и некои помали цилиндри. Полицијата ги открила помеѓу четврток и петокот, долж 13 километри од границата. Инцидентот е под истрага.

Грција и Македонија минатиот јули постигнаа решение за спорот со името. Договорот сé уште мора да биде ратификуван од двете земји.