Регион 02. јуни 2020. / 14:14

Во Грција ќе се мери сенката на чадорите и бројот на луѓе на една плажа

Во Грција ќе се мери сенката на чадорите и бројот на луѓе на една плажа

Грчките власти усвоија нов сет на мерки за заштита од корона вирусот, во кои се вклучени некои од веќе познатите правила, но исто така има и нови забрани пред претстојната туристичка сезона.

Според најновите одредби, не само што е ограничен само бројот на луѓе кои можат да останат на истата локација во исто време, туку е регулирано и минималното растојание помеѓу чадорите и лежалките што би биле поставени.

Значи, ако планирате да го поминете летото на една од многуте грчки дестинации, мора, меѓу другото, да имате предвид дека од денес, дозволено е максимум 40 лица на површина од 1.000 квадратни метри, со чадори мора да бидат позиционирани со минимум четири метри растојание меѓу нив и тоа не е крај на математички пресметки околу кои ќе мора да се грижите.

Имено, не само што е пропишано растојанието од четири метри помеѓу чадорите, туку тие мора да бидат поставени на таков начин што да исполнуваат барем еден метар оддалеченост од сенката што ја фрлаат најблиските позиционирани.

Дозволено е да се постават максимум две лежалки со растојание од 1,5 метри под еден чадор, а ова правило нема да важи само за семејства со мали деца.

Во исто време, донесена е забрана за сите тимски спортови кои вклучуваат контакт, како и мерки за ресторани и други услужни активности во коишто туристите уживаа во претходните години.

Меѓу другото, музиката е целосно забранета, како и организирање забави, па дури и престој во просториите на барот.

Фирмите кои не ги почитуваат новите мерки, во зависност од проценката на здравствениот ризик, ќе бидат казнети со парична казна во висина од 5.000 до 25.000 евра како и работна забрана за период од 15 до 20 дена.