Kазните изречени од грчката полиција за прекршување на забраната за движење во изминатите две недели достигнуваат три милиони евра.
Од 23 март 2020 година, кога мерката стапи во сила, грчката полиција регистрирала преку 20.000 прекршувања и биле изречени исто толку казни од по 150 евра.
Средствата собрани од казните за несовесните граѓани, предвидено е да се искористат за поддршка на здравствениот систем во Грција.
Контролите на грчката полиција се однесуваат на неоправданите движења на граѓаните, односно излегување без конкретна причина и без потребна потврда.
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Лефтерис Иконому, говорејќи за грчката телевизија „Мега“, изјави дека мнозинството од граѓаните сфаќаат дека е неопходно да седат дома, а паралелно откри дека поради корона вирусот и воведените мерки, криминалот во земјата е намален за над 30 проценти.