Регион 18. март 2020. / 16:44

Во Грција 300 здравствени работници во карантин

Во Грција 300 здравствени работници во карантин

Во карантин поради новиот коронавирус се околу 300 вработени во здравствениот систем во Грција, а заразени се 48 здравствени работници, информираат од Федерацијата на вработени во грчките државни болници за медиумите во Грција.

Претседателот на Федерацијата, Михалис Јанакос, говорејќи за информативниот портал „Ин“, вели дека оваа бројка може да е поголема со оглед на тоа дека некои ги чекаат резултатите од тестот, а други се веќе во домашна изолација.

Според грчките медиуми, само денеска, во две атински болници , во болничкиот и во административниот сектор, откриени најмалку десет позитивни случаи на коронавирусот.