Регион 15. април 2020. / 10:32

Во екот на пандемијата во БиХ: 700 медицински лица на боледување

Во екот на пандемијата во БиХ: 700 медицински лица на боледување

На врвот на пандемијата со корона вирусот, дури 700 лекари и друг медицински персонал во Босна и Херцеговина се на боледување, пишува агенцијата Хина. До понеделникот во БиХ беа заболени повеќе од 1.000, а бројот на починати е 39 лица.

Сериозни се сомневањата дека преку боледувањата медицинските лица го избегнуваат ризикот од зараза на работните места.

Директорката на Клиничкиот центар во Сараево, Себија Изетбеговиќ, предупредува дека станува збор за мошне сериозен проблем, што се заканува со целосно нарушување на здравствениот систем.

-Отсекогаш имаме проблем со лажни боледувања и тврдам дека и во овие тешки моменти две третини од медицинските работници неоправдано отсуствуваат од работа, изјави Изетбеговиќ за весникот Дневни аваз.